Шекеринска: Јас не сум Груевски – ниту одлучувам кому ќе му се покрене обвинение, ниту каква пресуда ќе добие

by Fokus

-И јас како граѓанин очекувам обвинителството да ни даде информации за овие случувања, меѓутоа исто така очекувам сите оние кои нешто тврдат тоа да го покажат со малку повеќе од видео без аудио и аудио без видео. Секој од нас како граѓанин треба да биде заштитен не само од презумпција на невиност туку и од лажни обвинувања. Колку што јас прочитав и нема причина да не му верувам, адвокатот Медарски рече дека немал никаква врска со една фирма која дури не можеме ни целосно да ја чуеме туку некој ни прераскажува дека за тоа станува збор во разговорот,  рече Шекеринска, потенцирајќи дека во предизборната кампања „ќе бидеме жртви на многу напади и фејк њуз“.

Вчера беше објавено видео во кое може да се забележи како Дончев зема пари во готовина и ги става во торба, но не може да се утврди од кој период потекнува ниту пак каде е направена.

Во поглед на барањата на Синдикатот за одбрана чии припадници бараа надоместок од 10.000 денари, Шеќеринска синдикатот го нарече „нерепрезентативен“ затоа што ги изгубил своите членови.

Министерката денеска беше на промоција на новите униформи за припадниците на Армијата, во скопската касарна „Илинден”.

Таа на припадниците на Армијата, им посака „да ја носите оваа униформа со чест и достоинство и како силно и секојдневно потсетување дека посветената работа секогаш носи резултат“.

Поврзани новости