Шекеринска: Изјавите од Русија не се изненадување

by fokus

Изјавите што ги добивме од Русија во последно време не се позитивни, меѓутоа не се ни изненадување, особено по минатогодишниот став дека Русија има одредено мислење за нашите стратешки цели, изјави вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска по посетата на Воено-медицинскиот центар во Скопје.

– Ние сакаме да имаме добри односи со Русија и инвестираме во добри односи, но на сите, и на соседите, и на другите држави, им ја повторуваме истата реченица – стратешките одлуки се наши – вели Шекеринска

Во врска со тек се преговорите за името, кои денеска се одржуваат во Виена, Шекеринска истакна дека Владата инвестира во добри односи со сите соседи, вклучително и со Грција.

–Меѓутоа, сега сметаме дека она што го научивме овие 10 години треба да ни помогне да го најдеме решението и сметаме дека и Грција ќе профитира од нашето членство во НАТО и во ЕУ и како добри соседи треба да си даваме поддршка во вакви моменти – додаде Шекеринска.

Поврзани новости