416
Радмила Шекеринска, поранешен министер за одбрана и потпретседател на СДСМ, во Берлин е избрана за потпретседател на Партијата на европски социјалисти (ПЕС).
-Ми претставува огромна чест да ве информирам дека на Когресот во Берлин ме избраа за потпретседател на Партијата на европски социјалисти (ПЕС). Честа е дотолку поголема што ова е прв пат ПЕС да избере на таа позиција личност која доаѓа од земја која не е членка на Европската унија, пишува Шекеринска на својот фејсбук-профил.
Таа изразува благодарност до новиот претседател на партијата Стефан Лвен, кој го дал предлогот и до сите нејзините колеги кои го поддржале.