1K
На местото на Радмила Шекеринска, која треба да биде реизбрана за министерка за одбрана, нова пратеничка треба да стане Белкиса Зеќири, објави 360 Степени.
Според листата на СДСМ во петтата изборна единица, каде што Шекеринска беше носител, следни кандидати за влез во парламентот на 9-тото и 10-тото место се Горан Козарев и Самка Ибраимовски, но, местото е резаервирано за 11-тата кандидатка Зеќири, со цел да се застапи принципот на соодветна родова застапеност во парламентот.
Инаку, таа доаѓа од општинската организација на СДСМ во Маврово-Ростуше.