На маргините на Минхенската безбедносна конференција денеска заменик претседателот на Владата и министерка за одбрана на Република Македонија, Радмила Шекеринска и министерот за надворешни работи, Никола Димитров, се сретнаа со евро-комесарот за соседска политика и проширување, Јоханес Хан.
Министерката Шекеринска истакна дека Македонија е силно посветена на решавање на проблемите и предизвиците кои се на патот на членството во ЕУ и НАТО-Алијансата. Шекеринска истакна дека Планот 3-6-9 се реализира со силно темпо и дека Македонија и Владата покажаа дека имаат еден нов пристап во политиката кон соседите.
На средбата комесарот Хан ги поздрави реформските напори на Владата на Република Македонија и изрази подготвеност Европската Унија да ја продолжи поддршката за Република Македонија во реализација на зацртаните реформи.