565
Некогашната министерка за одбрана Радмила Шекеринска на својот Фејсбук профил се произнесе со поддршка за министерката за одбрана, Славјанка Петровска, која беше мета на недолични коментари во изминатите неколку дена.
„Застануваме солидарно зад Славјанка Петровска, зашто ниедна жена не треба да биде мета на родово базиран говор на омраза. Изминатиов период повторно гледаме што сѐ ѝ се случува на една жена која има јавна професија и професионално си ја извршува работата. Сè додека јавноста ги гледа жените единствено низ сексистичка призма, ниту ќе видиме повеќе жени на одлучувачки позиции, ниту ќе се искорени објективизацијата на жените во сите полиња на нејзиното постење, напиша Шекеринска.