Шекеринска до Николовски: Еве за да и помогнете на државата, помогнете Милошоски да ја прими поканата од Суд

by fokus

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска во вечерашниот дуел со Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ на Канал 5 му порача за да и помогне на државата, да му помогне на неговиот колега Антонио Милошоски да ја прими поканата и да се појави на Суд.

-Може ли да те замолам, бидејќи велиш дека толку сакаш да и помогнеш на својата држава, еве да и помогнеш кога Судот ќе му носи покана на Антонио Милошоски, да му помогнеш да ја добие поканата и да се појави на Суд, рече Шекеринска.

Николовски на тоа одговори:

-Тоа кога со Милошски ќе зборувате кажете му. Еве јас ќе му пренесам.

Поврзани новости