Шекеринска денеска на средба со американскиот секретар за одбрана

by fokus

Македонската министерка за одбрана, Радмила Шекеринска денеска во Вашингтон денеска се оствари средба со американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис на која ќе разговараат за аспирациите на Македонија за членство во НАТО и стратешкото партнерство со САД.

-Официјалната посета на САД и средбата со секретарот за одбрана Матис се случува во клучен период, два месеца пред НАТО-Самитот. Тоа е извонредна шанса да покажеме колку членството во НАТО е важно за Република Македонија и да покажеме дека тоа, исто така, носи вредности за земјите – членки на НАТО Алијансата. Со американскиот секретар за одбрана ќе разговарам за нашето стратешко партнерство, за одбранбените реформи, но и за сите оние работи кои што Македонија може да ги понуди на НАТО алијансата, во смисла на зголемена безбедност во регионот и на европскиот континент, изјави Шекеринска во пресрет на средбата.

Таа најави дека на средбата со Матис ќе се осврне и на реформите во АРМ и на подготвеноста на земјата за членство во Алијансата.

Поврзани новости