Шеќеринска: Членството во НАТО ќе му стави крај на руското влијание во земјава

by fokus

Интеграциите во НАТО Алијансата, според мнистерката за одбрана, Радмила Шеќеринска, ќе го намалат руското влијание во земјава. Во интервју за агенцијата „Блумберг“ таа вели дека се прават посилни напори за членство на Македонија во алијансата со цел да се заштити земјата од руското мешање во внатрешните работи.

„И пред изборот на новиот кабинет бевте сведоци на „одлив“ на информации за обидите на Русија да постигне влијание во клучните политички области и во областа на безбедноста. Загрижени сме од овој факт. Веруваме дека членството на Македонија во НАТО може да   стави крај на овие обиди“, вели Шеќеринска.

Шеќеринска истакнува дека владата на Зоран Заев инсистира да ги подобри односите со Грција, која поради спорот со името го блокира пристапот на Македонија во НАТО.

Приоритет на новата Влада, додава, ќе бидат внатрешните реформи кои според планот треба да се спроведат во рок од 9 месеци за да се забрза процесот за членство во НАТО. Како главни проблеми кои се посочуваат се владеењето на правото и независноста на судството.

“Ќе сториме сé за спроведувањето на овие реформи, но исто така ќе бараме од земјите-членки на НАТО да го цениме овие напори, како и нивните резултати што е можно побрзо”, изјави таа.

Поврзани новости