795
Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска во вечерашното гостување на ТВ 24 откри дека четворица припадници кои учествувале во прославата на МВР за Денот на полицијата се позитивни на корона вирус.
-Велите се грижете за здравјето на граѓаните, а единствено министерот предложен од ВМРО-ДПМНЕ против сите препораки направи прослава со повеќе од 50 присутни на едно место. Прво не обрука кога димна бомба заврши кај амбасадорите, буквално го загрози здравјето. Според моите информации од денеска, четворица од луѓето кои учествуваа на оваа прослава се позитивни на корона вирус, од припадниците на МВР. Велите не можеме кампања, ама Наќе Чулев може да организира прослава, вели Шекеринска.