Шекеринска: Бугарија направи геостратешка грешка

by fokus

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска во однос на бугарското вето за почеток на пристапните преговори на Северна Македонија со ЕУ, денеска изјави дека она што го чувме и од германското претседателство е на линија на тоа што и ние го чувствуваме, а тоа е дека Бугарија направи геостратешка грешка, што не е добра за регионот, не е добра за нас и нема да биде добра и за Софија.

-Ние ќе продолжиме да работиме на еворпските врености. И денеска на оваа прес-конференција покажавме дека можеме да испорачаме европски резултати, дури и тогаш кога некој го блокира европскиот процес. Така ќе продолжиме и понатаму бидејќи македонската иднина е европска и ние на тоа нема да градиме алтернатива, изјави на денешната прес-конференција Шекеринска.

Таа изрази очекување сите земји од ЕУ, со исклучок на Бугарија, да ја потврдат нивната позиција дека треба да се одржи првата меѓувладина конференција со Северна Македонија.

– Она што ние го ветивме пред месец дена, покажавме дека го исполнуваме и оти во интерес на европскиот процес нема да заборавиме на европските вредности, а едно од тие вредности е почитувањето на правото на самоопределување, на различноста и посебноста на секој наарод и на секој јазик. Ние кажавме дека тие црвени линии нема да ги преминеме, истакна министерката за одбрана Шекеринска.

Поврзани новости