Шекеринска: Благодарност до Сенатот, наскоро 30. членка на НАТО

by Fokus

На прав пат сме! 30 години зборувавме за НАТО. Денеска одбројуваме до полноправно членство. Денес НАТО е реалност. 70 години по основањето на Алијансата, стануваме 30-та, најмлада членка на НАТО, но еднаква и рамноправна. 25 земји членки ги завршија ратификациските процедури во нивните парламенти. Синоќа и Соединетите Американски Држави ратификуваа со убедливо мнозинство од 91 глас за, а само два против. Успешно ја приведовме кон крај една од двете најважни стратешки цели на нашите граѓани. Овој успех не падна од небо. Не го добивме како подарок. Го сработивме. Го издејствувавме. Затоа што прва должност на секоја влада е да ја одржува својата земја безбедна и сигурна, изјави на денешната прес конференција, Радмила Шекеринска, заменик претседателка на СДСМ.

Шекеринска се заблагодари на американскиот Сенат за ратификацијката на пристапниот протокол.

-Сите ние знаеме колку беа лоши состојбите пред две и повеќе години: изолирана држава, меѓународно менаџирање на внатрешната политичка криза, НАТО и ЕУ мислена именка, критики од меѓународниот печат за киднапирани институции, неслободни медиуми… Но, денеска сакам да зборувам за успесите што ги постигнавме во изминатите две и пол години. Должност на секоја влада е да ги остварува задачите околу кои општеството се обединува, кои се израз на неговата кохезија. А тоа е НАТО. НАТО чува под својот безбедносен чадор една милијарда луѓе, рече Шекеринска.

 

Поврзани новости