525
Министерката за одбрана Радмила Шекеринска на Фејсбук изрази честитки до сите граѓани откако стигна веста дека ЕУ донела одлука за почнување на преговори со Северна Македонија за членство во Унијата.
„Бидна! Патот кој го почнавме пред многу години, со брдо ентузијазам, многу љубов и работа за татковината, стигна до првата цел: почеток на преговори со Европската унија! Честитки до сите наши граѓани! Неверојатна чест ми е што учествував во двата наши големи успеси: во далечната 2005, како и денес!“,- напиша Шекеринска.