Ако се реши спорот за името, ќе се реши во фото-финиш, изјави вицепремиерската и министерка за одбрана Радмила Шеќеринска во интервју за „360 спени“, емитувана на Аласат ТВ.
-Наша задача е ние да ги браниме нашите позиции, на кои теми ќе покажува компромис и флексибилност, а на кои теми треба да се држиме цврсто до нашите ставови. Умешноста на овој процес нема да зависи од тоа што се случува зад затворени врати. Ќе зависи и од впечатокот на сите оние кои го анализираат процесот и кои имаат влијание: ЕУ и земјите членки, НАТО и земјите-членки на Алијансата – рече Шекеринска.
Таа додаде дека нема да има решение на спорот доколку грчката позиција остане на сложено име составено од еден збор, непреведено, севкупна употреба, со уставни промени.
-Но целта на процесот е сите да се изместат од иницијалните позиции. Оптимист сум дека од овој процес Македонија ќе излезе како држава која нема да се срами, туку да се пофали со конструктивно европско, позитивно однесување. Не можеме ние да ги дефинираме потезите на нашите соседи. Но можеме да направиме сѐ, за да покажеме дека Македонија во овој процес влегла со голема одговорност, знаење и со желба тој да се реши – рече Шекеринска.