Министерката за одбрана Радмила Шекеринска во интервју за „Утрински брифинг“ тврди дека голем проблем е тоа што многу наши граѓани бараат да влезат во државата, потпишуваат изјави за самоизолација, но кога си доаѓаат дома почнуваат да излегуваат, а токму тоа, како што додаде таа, е еден од најголемите ризици бидејќи голем дел се наши иселеници кои доаѓаат од високоризичните земји Италија, Германија, Швајцарија.
„Тоа е неодговорно и незаконско однесување. Ако граѓаните не ги применуваат мерките, ние ќе воведеме поригорозни мерки. Ако некој не го почитува домашниот карантин, државата ќе мора да презема мерки“, истакна Шекеринска.
Во врска со мерките на државата за справување со вирусот ковид-19, министерката рече дека Владата се подготвува и за сценарио со поголем број заразени граѓани.