Шеќеринска: Власта грубо ги крши Уставот и законите

by Фокус

Владејачката партија ги претвори државните институции во свои партиски испостави, кои што заштитуваат тесно партиски интереси, а не се грижат за интересите на граѓаните, истакна заменик претседателката на најголемата опозициска партија Радмила Шеќеринска на денешната средба со делегација од Бенелукс. Таа тврди дека власта се осмелува грубо да ги крши Уставот и законите.

– Правниот систем за заштита на граѓаните не функционира, јавниот долг постојано расте, доведено е во прашање слободното изразување на волјата на граѓаните – истакна Шекеринска.

На средбата се разговарало и за новата Стратегија на СДСМ за политичко делување, која според заменик претседателката се базира на четири столба и подразбира политика на отворени врати, активни членови, постојан разговор со граѓаните и следење на штетните политики на власта.

 

 

Поврзани новости