Стана јасно дека Никола Груевски се плаши од фер и демократски избори. Стана јасно дека Груевски бега од имплементација на договореното и бега од соочување со вистината. ВМРО ДПМНЕ денеска преку министерот за надворешни работи Никола Попоски во Брисел се фали со постигнатиот договор, а денеска истата партија овде во Скопје, го кочи договореното, реагираше Радмила Шеќеринска откако денеска ВМРО-ДПМНЕ ја откажа првата средба за спроведување на договорот од Пржино.
Според Шеќеринска, тема на денешната средба требало да бидат измените во изборната регулатива и особено прочистувањето на Избирачкиот список.
-Значи две многу многу важни теми и како што видовте оние коишто што го прават тоа што го кажаа дека го прават, беа таму, но жалам што оваа дебата денеска очигледно немаше шанси да се одржи. Ако некој сака фер и демократски избори нема никаква аргументација и потврда да се бега од дебата за Избирачкиот список и нема потреба да се бега од дебата за изборната регулатива, рече Шеќеринска.