Шехтански тврди дека Владата му должи 200.000 евра на ТМРО

by fokus
Претседателот на ТМРО, Ванчо Шехтански, ја обвинува Владата дека петта година по ред Министерството за правда без никаква причина не и исплаќа на неговата партија ТМРО редовен паричен износ за редовно финансирање согласно член 10 од Законот за финансирање на политичките партии. Минималиот износ, вели Шехтански, за ова финансирање од државата е 40.000 евра. Со тоа, според него, неисплатени му се вкупно 200.000 евра.
„Со ваквиот не случаен дискриминаторски чин, каде иако законски е задолжително годишно финансирање од државата, единствено на ТМРО не се исплаќаат средства за нормално функционирање на партијата. На овој начин се врши свесно оневозможување не само на нормалното функционирање, туку директно се спречува и оневозможува било какво учество на ТМРО како единствена национална Македонска партија на било какви избори“, вели претседателот на ТМРО.

Поврзани новости