Шефот на руската приватна паравоена група Вагнер Евгениј Пригожин ја критикуваше администрацијата на Кремљ дека не го блокирала YouTube, пренесува Ројтерс.
Јутјуб е информативната чума на нашето време“, рече Евгениј Пригожин во изјавата објавена на неговиот канал на социјалната мрежа Телеграм, во која се наведува дека без докази, 40 отсто од видеата на платформата се „политизирани и насочени против Русија“.
Тој рече дека постојат две причини зошто Јутјуб не е забранет во Русија: Прва е наводно проценката дека е неопходен за обичните граѓани поради што пак го зголеми противењето на администрацијата на претседателот Владимир Путин, која не сака со забраната да предизвика незадоволство кај Русите.
„Оние кои се против затворањето на Јутјуб се, според мене, луѓе кои се предавници на својот народ и својата земја, предавници на претходните и идните генерации Руси. Живеат во странство, летуваат во странство, одгледуваат деца во странство, прокламираат високи вредности. Но, сепак, тие на секој можен начин го поддржуваат Западот и се хранат од него“ изјави Пригожин.
Тензиите меѓу Пригожин и Кремљ дојдоа до израз минатиот петок кога Министерството за одбрана тврдеше дека го зазело украинскиот град Соледар, но не ја спомна улогата на Вагнер, кој дејствува надвор од командниот синџир на армијата.
Пригожин јавно се пожали на обидите да се минимизира улогата на приватната војска Вагнер и да се минимизираат неговите достигнувања, а министерството подоцна издаде ажурирање во кое ги пофали „храбрите и несебични постапки“ на борците на Вагнер.
Пригожин, кого го нарекуваат „готвачот на Путин“ поради договорите во Кремљ со неговата угостителска фирма, до минатата есен негираше какви било врски со Вагнер, за кој руските власти велат дека има воени и рударски договори во Африка и дека е активен во Сирија.
Но, инвазијата на Украина и честите неуспеси на руската војска во војната го охрабрија Пригожин да излезе на јавната сцена претставувајќи се себеси како безмилосен и ефективен патриот.
Со околу 90 милиони месечни корисници во Русија, Јутјуб е исклучително популарен и во Русија и игра важна улога во дигиталната економија.
Русија досега блокираше поголем број западни социјални медиуми, вклучувајќи ги Инстаграм и Фејсбук, но Јутјуб сеуште е достапен.