Шефот на турската дипломатија во официјална посета на Скопје

by Фокус

Министерот за надворешни работи на Турција, Мевљут Чавушоглу денеска и утре ќе претстојува во официјална посета на Република Северна Македонија.

Како што соопшти турското МНР, Чавушоглу во Скопје ќе има средба со шефот на дипломатијата на Република Северна Македонија Никола Димитров, како и со други официјални претставници.

Тие ќе разговараат за билатералните односи, за можностите за зајакнување на соработката меѓу двете земји, како и за регионални прашања.

Поврзани новости