53
Директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА), Вилијам Барнс, денеска треба да пристигне во Каиро, на нова рунда преговори за прекин на огнот меѓу израелската армија и членовите на палестинската милитантна група Хамас, пишува „Тајмс оф Израел“.
Преговорите се водат со посредство на Катар, а ќе се бара прекин на огнот во замена за ослободување на заложниците што ги држеше Хамас во Појасот Газа.
Според израелскиот портал, по притисокот на американската влада, Израел наводно ќе испрати делегација во Каиро, во која се шефот на Мосад, Дејвид Барни и директорот на Шин Бет, Ронен Бар.
Барнс беше дел од американскиот преговарачки тим на разговорите со претставниците на Хамас минатиот месец во Париз.