1
Тедрос Аданом Гебрејесус, генерален директор на Светската здравствена организација (СЗО) е примен во болница во Рио де Жанеиро, пренесува Ројтерс.
Во написот се вели дека Тедрос бил хоспитализиран со „симптоми на лавиринтитис и хипертензивна криза“ откако му се слошило на маргините на самитот на Г-20 во Рио претходно оваа година.
Се наведува дека првиот човек на СЗО бил прегледан од лекари во понеделникот на самиот самит и дека му биле дадени антихипертензивни лекови, по што било констатирано дека е во стабилна состојба.
Тедрос утрово повторно бил под опсервација во болницата.
Британската агенција потсетува дека самитот на Г20 заврши со повици за соработка за климатските промени, намалувањето на сиромаштијата и даночната политика.