Грчките медиуми објавуваат дека шефот на железничката станица во Грција бил назначен пред само 40 дена, а претходно работел во Министерството за образование. Пред влегувањето на нова работа, тој според написите, завршил тримесечен курс.
Медиумите, посочуваат дека два дена по судирот на два воза во Грција, во кој загинаа најмалку 57 лица, на виделина се покажаа големите недостатоци и застареноста на мрежата а синдикатите и пред несреќата испраќаа повеќе предупредувања.
Претставниците на синдикатот пред три недели предупредуваа на тешката состојба во железничкиот сообраќај.
„Кога ќе се случи несреќа, одговорните ќе лијат крокодилски солзи“ предупредуваа, критикувајќи го „големиот недостаток на персонал“.
Во исто време, тие предупредија за „недостатокот на мерки за заштита на работното место во врска со безбедноста на работата и сообраќајот на возовите“.