594
Србија ја прифатила поканата на министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров и шефот на српската дипломатија Никола Селаковиќ ќе ја посети Русија, јавуваат руските медиуми.
-Србија со големо задоволство и очекувања ја прифати поканата на Лавров Селаковиќ да ја посети Русија. Претседателот даде инструкции за организирање на посетата, изјави амбасадорот на Русија во Србија, Боцан Харченко, а пренесе агенцијата ТАСС.
Сергеј Лавров требаше да ја посети Србија, но поради забраната за летови на Црна Гора, Северна Македонија и Бугарија, шефот на руската дипломатија ја откажа посетата.