Во еднодневна официјална посета на Скопје денеска доаѓа министерот за надворешни работи на Кралството Шпанија Хосе Мануел Албарез Буено.
Албарез ќе го пречека министерот за надворешни работи, Бујар Османи, а предвидена е средба и со вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ.
Шпанија е државата која во втората половина на 2023 година ќе претседава со Советот на ЕУ, па покрај билатералните односи меѓу двете земји, се очекува централно место во разговорите со шефот на шпанската дипломатија да биде и забрзувањето на пристапниот процес на Македонија во ЕУ.
Посетата на Албарез е дел од неговата балканска турнеја. Тој завчера беше во Белград, вчера во Сараево, а денеска пред да пристигне во Скопје ќе ја посети и Тирана.
Шпанското МНР соопшти дека Албарез доаѓа на Балканот за да го пренесе обновениот интерес на Мадрид за земјите од регионот и да најави дека Шпанија, откако ќе го преземе претседавањето со ЕУ на 1 јули, ќе ги поддржи нивните напори да ѝ се приклучат на Унијата.