672
Министерот за надворешни работи на Португалија, Аугусто Сантош Силва, утре за време на посетите на Софија и на Скопје, ќе биде придружуван од еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархеји, дознава „360 степени“. Оваа информација дополнително и додава на тежина и значење на посредничката мисија, бидејќи станува збор за координирана активност на актуелниот претседавач со Советот на ЕУ – Португалија, и Европската комисија.
Прва станица на европските претставници ќе биде Софија, а потоа тие ќе дојдат во Скопје.
Целта, според изворот на „360 степени“, е во детали да се зборува за можен излез од ќор-сокакот во кој западнаа македонските евроинтеграции по ветото од Бугарија.