Шефот на кризниот штаб за ковид-19 на Сицилија уапсен за примање мито

by Fokus

На Сицилија уапсени се 10 лица, меѓу кои и шефот на кризниот штаб поради примање мито во висина од 1,8 милион евра за медицинска опрема и договори за услуги, соопшти денеска италијанската полиција.

Договорите, за кои наводно било примено мито, се во вредност од 600 милиони евра, јавува Би-би -си.

Градоначалникот на Палермо, Леолука Орландо, оцени дека станува збор за „исклучително сериозна мрежа на корупција“.

Шефот на кризниот штаб на Сицилија, кој е одговорен за новиот коронавирус, Антонио Кандела во моментов е во куќен притвор.

Властите наредија и заплена на седум компании во Сицилија и Ломбардија, поврзани со обвиненијата дека досега платиле поткуп од 160 000 евра.

Поврзани новости