На спасувачките екипи во Турција сѐ поголем проблем ствараат судирите на локалното население, со користење на огнено оружје, кражби и интервенции на војската, потврди за хрватските медиуми телефонски, командантот на хрватскиот тим спасувачи.
Тој вели дека тешко е да се работи без придружба од полицијата или војската и дека во близина каде работел хрватскиот тим во саботата дошло до судир на две групи локално население, имало и пукање, а се вмешала и војската.
„Колегите од Украина, со кои го делевме подрачјето за пребарување, беа нападнати во текот на потрагата, а нинвниот командант ги повлече силите во базата, од која повеќе не излегуваат на терен без полициска придружба“, вели тој.
Вели дека во градот сѐ е провалено, аптеки, бензински, продавници. На населението, како што објасни, залихи на вода, храна, облека се оставаат на улиците на секои 100 метри, за да може да ги земат.