530
Министерот за надворешни и европски работи на Република Хрватска Гордан Грлиќ Радман денеска ќе престојува во работна посета на Република Северна Македонија.
Во рамките на посетата, Радман ќе има средба со министерот за надворешни работи Никола Димитров, а ќе биде примен и од претседателот Стево Пендаровски.
Хрватска е актуелен претседавач во Советот на ЕУ и во тој контекст фокус на посетата ќе биде даден на европската перспектива на земјата, соопшти македонското министерство за надворешни работи.