Шефот на холандската дипломатија утре во посета на Македонија

by fokus

Министерот за надворешни работи на Кралството Холандија, Стеф Блок утре ќе престојува во посета на Македонија.

Тој ќе се сретне со шефот на македонската дипломатија Никола Димитров со кого ќе разговара за актуелните политички состојби во Македонија, подготвителните активности за референдумот, како и за реформската ЕУ и НАТО агенда.

По средбата планирани се изјави на двајцата министри.

– Ова е четврта билатерална средба на министрите за надворешни работи на Република Македонија и Кралството Холандија за период од 15 месеци што претставува потврда за зголемениот интензитет на политичкиот дијалог меѓу двете земји, наведуваат од МНР.

Поврзани новости