Основачот на приватната паравоена компанија „Вагнер“, Евгениј Пригожин, во отворено писмо упатено до портпаролот на Советот за национална безбедност на САД, Џон Кирби, јавно праша каков криминал извршила неговата компанија.
„Почитуван господине Кирби, можете ли да ни појасните какво злосторство извршила „Вагнер“, се вели во писмото објавено на личниот Телеграм канал на Пригожин
Портпаролот на Советот за национална безбедност на САД, Кирби вчера објави дека САД одлучиле да ја назначат приватната воена компанија Вагнер како транснационална криминална организација и да воведат дополнителни санкции против неа.
Вагнер се најде во фокусот на вниманието измионативе недели откако нејзините војници беа обвинети дека во борбите во Украина вршеле злостортство и терор и не се раководеле по обичаите на војната и војувањето.
Особено внимние предизвикаа наводите дека оваа груација започнала со зголемено делување нна регионот на Западен Балкан, пред се Србија, каде наводно регрутира доброволци и платеници кои пота се испраќаат на боиштата во Украина.
Овие обвинувања беа негирани од страна на сосптвеникот на „Вагнер“, Пригожин.
САД веќе ја ставиле компанијата „Вагнер“ на списокот со санкции.