426
На утрешната инаугурација на новиот претседател Стево Пендаровски нема да присуствува грчкиот претседател Прокопис Павлопулос, но свој претставник ќе има грчката влада преку грчкиот министер за надворешни работи Јоргос Катругалос.
„Министерот за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос, утре, 12 мај ќе замине за Скопје за да ја претстави грчката влада на инаугурацијата на новиот Претседател на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски“, соопштија од грчкото МНР.
На овој настан ќе присуствуваат претседателите на соседните Бугарија, Србија, Албанија и Косово, Радев, Вучиќ, Мета и Тачи.