767
Шефот на бугарската Антикорупциска агенција, Сотир Чацаров, поднесе оставка во време кога новата влада сака да ги промени законите и да започне голема антикорупциска акција, изјави денеска парламентарниот портпарол.
Владата на премиерот Кирил Петков, која го започна својот мандат минатиот месец, вети нулта толеранција за корупцијата, планира да ја реорганизира Агенцијата како прв чекор и да стави крај на практиката на неказнивост во оваа балканска земја.
Бугарија е рангирана како најкорумпирана членка на ЕУ во извештајот на Транспаренси интернешнал и досега нема покренато никакви корупциски тужби против висок функционер.