Шефицата на Кабинетот на Владо Димов е нова државна советничка

by fokus

Гордана Мајнова, шефица на Кабинетот на поранешниот министер за здравство, Владо Димов, е новата државна советничка за здравствен менаџмент и здравствена политика, објави весникот „Независен“.

Тоа се гледа од одлуката што ја донела Владата на 23 овој месец, а е потпишана од државниот секретар Владимир Милошев.

Владо Димов беше министер за здравство во владата на Бучковски. Министерската функција му заврши во 2006 година. Беше гонет за непријавен данок и за незаконско давање согласност за 18 вработувања во струмичката болница во 2005 година, поради што 11 години помина надвор од Македонија.

Поврзани новости