Шефицата на инфективниот оддел од ГОБ “8 Септември” за која имаше најава дека заминува во Систина: Ќе работам и во двете установи

by fokus

Патриција Карамалас, шефицата на одделот за инфективни болести во ГОБ „8-ми Септември“ вели дека останува во болницата, и паралелно ќе работи и во „Аџибадем Систина“.

-Пред се сакам да се заблагодарам на убавите желби и честитки. Во моментот сум се уште консултант во Аџибадем Систина. Сакам јавно да се заблагодарам на господинот Јордан Камчев за поддршката за јавното здравје како и за разбирањето на нашиот министер за здравје и директорот на ГОБ „8 Септември“. Ќе работам и во двете установи заедно со целиот тим. Искрено се молам на Бога да ми даде сила на мене и на целиот здравствен пресонал да издржиме во оваа битка, напиша докторката на фејсбук.

Поврзани новости