Шефицата на Европската комисија пристигна во Киев:„Повеќе од кога било, цврсто стоиме покрај Украина“

by Fokus

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска пристигна во Киев по повод одбележувањето на двегодишнината од руската агресија врз Украина.

Освен неа, во Украина ќе дојдат и италијанската премиерка Џорџа Мелони, белгискиот премиер Александар Де Кроа и канадскиот премиер Џастин Трудо.

Лајен во објава на платформата Х напиша дека Европската унија цврсто стои покрај Украина додека, како што наведе, таа земја конечно не се ослободи.

„Во Киев на одбележување на двегодишнината од руската војна против Украина. И во чест на извонредниот отпор на украинскиот народ. Повеќе од кога било, ние цврсто стоиме со Украина. Финансиски, економски, воено, морално. Додека земјата конечно не е слободна“, изјави Фон дер Лајен.

По повод двегодишнината од војната, во Киев престојува и италијанскиот премиер Џорџија Мелони, која како претседавач на групата Г7 ќе одржи видео-конференција на Г7 на која ќе зборува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, пренесува Анса.

Мелони пристигна во главниот град со истиот воз како претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, белгискиот премиер Александар Де Кроа, кој е ротирачки претседател на Советот на ЕУ и канадскиот премиер Џастин Трудо, а од безбедносни причини дури сега беше објавено дека пристигнале во Киев, наведува италијанската агенција.

Поврзани новости