Најмалку 63 лица загинаа, а 182 се ранети синоќа во напад на бомбаш-самоубиец на свадбена церемонија во Кабул, во делот на градот каде претежно живејат шиитски муслимани, соопшти авганистанското Министерство за внатрешни работи.
Нападот се случи во време кога талибанците и САД преговараат за договор со кој се предвидува повлекување на американските сили од Авганистан, додека за возврат талибанците треба да им се посветат на мировните преговори со владата во Кабул.
Талибанците негираа дека се одговорни за експлозијата во шиитското предградие во западен Кабул, меѓутоа анванистанскиот претседател рече дека, и покрај негирањето на одговорност на талибанците, тие сепак носат дел од вината бидејќи доаѓа од „мрежа на терористи“.
„Мој приоритет сега е да им помогнам на семејствата на жртвите во овој варварски напад“, напиша Гани на Твитер.