4
Шеесет и петгодишен струмичанец вчера бил уапсен откако полицијата кај него и во неговиот дом пронашла дрога.
Од МВР информираат дека вчера, во 08.35 часот во Струмица полициски службеници го лишиле од слобода С.Н.(65) од село Добрејци, струмичко, кај кого при преглед била пронајдена марихуана и семки од растение.
– Врз основа на наредба на судија од Основен суд Струмица, бил извршен претрес во домот во кој престојува лицето, во с. Три води, струмичко, при што биле пронајдени пет пакувања со марихуана, соопштуваат од МВР.
Тој бил задржан во полициската станица, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.
По целосно расчистување на случајот, против С.Н. ќе биде поднесена соодветна пријава.