961
Шеесет и двегодишен маж од Скопје, најпрвин се напил, а потоа и се нафрлил на сопствената ќерка и ја силувал. Поради овој случај на родосквернавење, обвинителството отвори истражна постапка.
-Осомничениот, на 9 ноември во неговиот дом, започнал да консумира алкохол, по што се нафрлил и извршил обљуба врз неговата ќерка. Оштетената се противела и го туркала, но не успеала да се оттргне од осомничениот.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор, поради опасност од бегство, можност осомниченниот да влијае врз сведокот/оштетената и можност тој да го повтори делото, информираат од Обвинителството.