Вие како одговорни граѓани на својата земја треба да размислите дека по евентуалното зачленување на Македонија во НАТО, земјата ќе стане дел од воена машинерија на алаијансата и доколку се случи агресија на НАТО против Русија вие ќе ја имате судбината на мета за возвратен удар. Дали тоа ви треба вам и на вашите деца?, порача рускиот амбасадор во Македонија, Олег Шчербак, на денешната екстензивна прес конференција, одговарајќи на новинарско прашања за предупредувањата дека ќе има последици членството на Македонија во НАТО.
Според Шчербак, НАТО претставува рудимент на студената војна, со строга блокава структура, виновен за бројни агересивни војни во кои загинале милиони луѓе и биле уништени неколку дружави. Меѓу бомбардираните држави од НАТО, тој ги наброја Југославија, Ирак, Либија, Сирија, Авганистан, Јемен.
-Во своите воени докторини, НАТО и лидерот на алијасната САД, ја прогласија Руската Федерација за свој ривал. Во таков случај ние не можеме да ги поздравиме обидите Република Македонија да се вовлече во НАТО и да се претвори во територија за база за воена инфраструктура и евентуално воени офанзивни трупи на оваа воена алијанса. Освен тоа треба да имате на ум дека вашето зачленување во НАТО ќе доведе до ограничување на суверентитот на земја. НАТО од сите земји членки бара потчинување, а тоа значи дека Македонија ќе мора да ги поддржи сите антируски акции, вклучувајќи ги и санкциите – рече тој.
Спротивно на прогандата, зачленувањето во НАТО нема да и обезбеди просперитет на Македонија, рече тој и додаде дека нема да се зацврсти ниту територијалниот интегритет
-Целосно е измислено тврдењето дека зачленувањето во НАТО ќе ја зголеми безбедноста на Македонија. Кој може да и се заканува на Македонија која е опкружена со членки на НАТО. Воздушниот простор на Македонија е веќе одамана под контрола на силите на НАТО. Кој во такви услови може да ја нападне освен самото НАТО или вонземјани? – рече Шчербак и додаде дека зачленувањето може да нанесе сериозна штета на региоаналната безбедност и атмосферата на доверба што може да влијае на билатерални односи меѓу Македонија и Русија.
Според него ваквата одлука треба да се носи со референдум на кој би се изјасниле граѓаните.
-На вашата земја не и наметнуваме наши ставови со кого да бидете пријатели и со кого да соработувате. Но имаме човечка должност да им објасниме на нашите македонски другари дека таквите судбински одлуки, како што е зачленување во агресивниот воено политички НАТО блок, треба да се донесуваат по внимателно размислување за сите последици од таквиот чекор – посочи тој.