Шарл Мишел свикал неформален состанок со лидерите на земјите од Западен Балкан

by fokus

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел за 16 февруари свикал неформален состанок со лидерите на земјите од Западен Балкан, на кој ќе учествува и Андреј Пленковиќ, премиерот на Хрватска земја актуелен претседавач со Советот на Унијата.

Според извори од ЕС, на состанокот ќе учествуваат и претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен и високиот претставник за надворешна и безбедносна политика Жозеп Борел.

Состанокот, кој ќе се одвива во форма на работна вечера, е свикан во рамки на подготовките за самитот на сите членки на ЕУ и земјите од Западен Балкан што ќе се одржи на 6 и мај во Загреб, пренесува Н1.

Свикувањето на состанокот следи неколку дена откако Европската комисија го објави предлогот за новата методологија за проширување на ЕУ. ЕК предлага нова и построга методологија на преговори за пристапување во ЕУ што беше услов на Франција за отворање на преговорите со С.Македонија и Албанија.

Поврзани новости