Шарл Мишел – претседателот на Советот на Европа денеска во обраќањето на Самитот на Берлискиот процес, што се одржува во Тирана ги увери лидерите дека нема да чекаат толку долго и дека нема да бидат разочарани.
– Проширувањето е инвестиција во мирот и просперитетот и на ЕУ и на нашите идни членки. Оваа можност ја промовира нашата соработка со земјите од Западен Балкан. Вашето патување започна пред 20 години, но сепак беше бавно, сега знаеме дека дојде време да го одржиме ова ветување. Овој рок е дочекан со скептицизам во вашиот регион бидејќи толку долго чекавте, рече Мишел.
Тој притоа потсети на изјава на албанскиот премиер, Еди Рама.
– Знам дека Еди го спореди со невестата која никогаш не доаѓа на свадба, но ние ќе ја направиме оваа свадба. Нашиот план е сериозен за иднината на ЕУ. Не дозволувајте духовите од минатото да ви пречат во вашата иднина – порача Мишел.
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен ја покажа намерата на унијата да му овозможи на Западен Балкан пристап до заедничкиот европски пазар.
-Поради оваа причина го претставив планот за раст. Сакаме да им овозможиме пристап до заедничкиот европски пазар. За ова ни требаат реформи во Западен Балкан и оние кои имаат волја за реформи ќе добијат средства од Европската Унија. Тоа е стимул за оние кои навистина сакаат да одат напред. Нашите врати се отворени, па ајде да работиме на ова напредување со овој план за раст, рече меѓудругото Фон дер Лајен.