„Шарениот“ Замир Мехмети ќе го советува Николовски

by Fokus

Замир Мехмети од Шарената револуција и брат на експратеничката на ДУИ, Ермира Мехмети вчера на Фејсбук сподели дека станал советник на Љупчо Николовски, новиот генерален секретар на СДСМ.

Со задоволство ја прифатив поканата од генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски, да се вклучам како советник во неговиот тим кој ќе има задача да го подобри функционирањето и да придонесе за отварање и демократизација на партијата и на општеството во целост.

При моето одлучување, тргнав од премисата дека секоја единка треба да ја прифати одговорноста и своите капацитети максимално да ги вложи за да придонесе во идеите во кои верува. Јас бескомпромисно верувам во концептот “едно општество за сите” и со прифаќањето на оваа понуда ја превземам обврската лично и директно да учествувам во зајакнување, растење и развивање на оваа, за мене, револуционерна идеја.

Во меѓувреме, како и до сега, останувам посветен на принципите за правда, еднаквост и слобода како главни постулати на секое праведно општество.

Борбата продолжува!

Поврзани новости