Шаренилото се изли и врз судот во Битола

by Фокус

Протести против аболицијата на Иванов се одржаа низ неколку градови. Во Битола, каде граѓаните се практично секојдневно на улица бојата на револуцијата заврши во зградата на судот. Бојата е порака до корумпираното и партизираното судство.

Во Струмица граѓаните обоија постери со ликот на Иванов, а во Кочани граѓаните маршираа во шаренило од балони. Пораките од сите градови се идентични- освен да се повлече аболицијата, да се формира техничка влада за фер избори. Наредната седмица протестите ќе продолжат во сите градови каде што претходно веќе имаше по неколку собири.

 

Поврзани новости