„Шарената револуција“ на пауза за празниците

by Фокус

За денеска нема закажно нов протест, а ќе нема протести ни додека траат празниците, односно до понеделник. Од граѓанското движење „Протестирам“ кое е организатор на овие протести кои го добија името „Шарена револуција“ објаснија дека протестите ќе бидат во мирување, но тие ќе ги поддржат сите антирежимски акции и протести кои ќе се одржат во знак на борба за работничките права.

-Голем протест не е планиран за денес, но многумина од нас и денес ќе излезат во 18:00 пред СЈО, за да го искажат револтот и гневот кон режимот и кон селективната правда со продолжените притвори на некои од нашите соборци. Оние кои се во Скопје, ги повикуваме да ни се приклучат, да го понесат својот гнев и своите транспаренти. Другите ги повикуваме да се приклучат и организираат во помали акции на отпор или подготовка за следните протести, велат од „Протестирам“.

За време на празниците во мирување ќе бидат и контра-протестите, а од нивниот организатор ГДОМ велат дека после понеделник тие ќе продолжат онаму каде што застанале.

 

Поврзани новости