622
Од денеска, шарените револуционери најавија радикализација на протестите. Денешниот протест ќе биде против свирепоста, бруталноста и способноста на власта да сокрие убиство на дете.
-Шести јуни е датум со силно значење за сите нас, датум со крв врежан во нашите сеќавања. Ден кога сите ние дознавме за свирепоста, бруталноста и способноста на власта да сокрие убиство на дете – Мартин Нешковски. Пет години подоцна, на овој датум граѓаните се на нозе за правда! Ве повикуваме денес во 6 пред СЈО масовно да ги изразиме нашиот револт, стои во повикот на Шарената револуција.