441
-Денес продолжува судењето на Здравко Савески и Владимир Куновски, кои се веќе 45 дена во притвот за тоа што се борци за правда и човекови права. Тие се само дел од целиот прогон против демонстраните кои на улиците секој ден, на начини кои ги знаат, се борат за подобра иднина на сите. Да го изразиме револтот против овај автократски режим кој ги штити криминалците, а ги прогонува слободарите и да им покажеме на нашите другари дека сме тука, дека сме заедно и дека ќе се бориме до крај и ден потоа, стои во повикот на Шарената револуција до сите граѓани кои утринава можат да се приклучат на протестот пред судот.
Попладне во 18 ќе има и голем протест пред Специјалното јавно обвинителство.