Шарената револуција утре организира собир пред Кривичниот суд во Скопје во знак за поддршка на активистот Павле Богоевски, против кој се води постапка поради учество во протестите против одлуката на Ѓорге Иванов за аболиција.
-Еден за сите, сите за еден! Утре во 10.45 ние ќе бидеме заедно со нашиот соборец Павле Богоевски, пред Основниот суд Скопје 1. Ве повикуваме да ни се придружите. Продолжуваат притисоците врз луѓето што секојдневно протестираа и протестираат против овој режим. Продолжуваат да се судат граѓани што ја критикуваат власта додека криминалците шетаат слободно, уништуваат докази и траги од веќе сторени и вршат нови кривични дела.
Павле ќе може да го судите само кога Груевски ќе седи на обвинителната клупа во соседната судница, пред навистина независен и непристрасен Суд! До тогаш, ако НЕМА ПРАВДА, НЕМА МИР!- се вели во повикот, објавен на Фејсбук профилот на Шарената револуција.