402
Руската тенисерка Марија Шарапова, одговарајќи на прашања од фановите на Инстаграм, ги отфрли шпекулациите дека е бремена.
– Дали сум бремена? Не, – напиша Шарапова.
Неодамна, поранешниот прв рекет на светот се повлече од турнирот во Штутгарт. Таа ќе го пропушти и турнирот во Мадрид од 4 до 11 мај, по што се појавија шпекулации дека е бремена.
Според Шарапова, причина за отсуството е недоволно време да закрепне од повреда на рамото.
За потсетување, 32-годишната Шарапова се забавува со британскиот милионер Александар Гилкс, основач на аукциската куќа „Падел 8“.