Шансите за војна се 50-50, тврди дописникот на „Ројтерс“ од Украина

by Fokus

Проруските бунтовници на истокот на Украина ја обвинија владата во Киев за отворање на минофрлачки и артилериски оган врз село во областа Доњецк. Украинските власти и сепаратистите вчера разменија меѓусебни обвинувања за артилериски напади, потсетува „Ројтерс“.

Дописникот на „Ројтерс“ од Киев, Александар Васовиќ за Н1 вели дека шансите се 50 наспрема 50 за тензиите на руско-украинската граница да тргнат во насока на војна или на дипломатско решение.

Запрашан „колку е реално Москва да изврши напад на 20 февруари“ како што се шекулира, Васовиќ одговори оти е „тешко да се прогноза дали Русија ќе стори такво нешто“.

-Таков вооружен конфликт би бил погубен за двете страни. Украина тоа веројатно би ја чинело повеќе во човечки животи, но Русија стратешко би загубила многу, вели Васовиќ за Н1.

Васовиќ потврди дека гранати паднале околу детска градинка и покрај едно училиште на истокот на Украина , додавајќи дека денеска се регистрирани 47 или 49 прекршувања на прекинот на оган.

Во ваква ситуација, во која цело време се говори за дека би можело да дојде до руска воена интервенција, на секое такво прекршување на примирјето се гледа многу сериозно, вели тој.

Запрашан дали таквите прекршувања може да послужат како причина за војна, тој наведе дека „во тоа никој не е сигурен“.

Коментирајќи го ставот на Русија дека за деескалација е потребно исполнување на договорот Минск 2, да се врати вооружувањето кое Западот го достави на Украина, од земјата да заминат западни инструктори и НАТО и Украина да не спроведуваат воени вежби, Васовиќ смета тоа не е можно во таа мера.

Можно е да дојде до некој компромис, да речеме некој период да нема вежби со НАТО , но јас во тоа не верувам, рече Васовиќ.

Според неговите зборови, секоја граната што сега ќе падне во Украина го стеснува просторот за дипломатски одговор.

Руската Дума му предложи на претседателот Владимир Путин да ги признае отцепените области Доњецк и Луганск, а Васовиќ истакна дека од Кремљ е одговорено оти такво нешто не е во рамки на одредбите во договорот Минск, додека Западот порача дека тоа би било причина за санкции.

-Мислам дека тука е Путин во проблем – ако ги признае не направил добро, ако не ги признае – ги отфрлил своите, коментира Васовиќ.

Поврзани новости